Македонија 03. март 2020. / 10:48

Боки ги брише своите сведоци: Тодоровиќ, Панделески и Јовче Ременски нема да сведочат за „Рекет“

Боки ги брише своите сведоци: Тодоровиќ, Панделески и Јовче Ременски нема да сведочат за „Рекет“

Првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, познат како Бoки 13, ги повлекол од листата на сведоци бизнисменот и поранешен градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ, синот на осомничениот бизнисмен во „Империја“, Цветан Панделески, Дејан, како и сопругот на пратеничката Фросина Ременски, Јовче. Тие нема да сведочат за „Рекет“.

Ова го соопшти судијката Васка Николовска – Масевска утрово на почетокот на судењето.

Денеска, во судот ќе сведочат тројца сврдоци по предлог на Боки: Марија Јанковска, Алекс Кртов и Сергеј Варошлија.