Првоосомничениот за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски познат во како Боки 13, вчера бил вратен од болницата „8-ми Септември“ во затворот во Шутка, потврдуваат од затворот.
Боки 13 беше сместен во апартман во одделението за интензивна нега заради почитување на безбедносните протоколи, а не заради тежината на неговата здраствена состојба. Како што информираа од болницата, тој беше во добра општа состојба и здраствена кондиција и беше задржан за да се комплетираат резултатите од спроведените испитувања.
Првото судење за Јовановски е закажано за утре, во Кривичниот суд во Скопје. Според обвинението, од ноември 2018 година до април 2019 година обвинетиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13, го искористил пријателството со шефицата на СЈО, Катица Јанева, и ѝ влијаел да го извади од притвор осомничениот бизнисмен Орце Камчев во предметот „Империја“.
Останатите двајца обвинети за „Рекет“, Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец, се во домашен притвор.