Во периодот од 2018 и 2019 година, Бојан Јовановски, осомничен во аферата „Рекет“, во Бирото за индустриска сопственост се обидел и делумно успеал да заштити дури 16 трговски марки, дознава „Плусинфо“.
Северно Македонска Пошта, Северно Македонски Телеком се две од дури 16 трговски марки кои се обидел да ги „заштити“ Бојан Јоивановски – Боки 13, а меѓу нив се и марките Северно Македонска радио телевизија–1 и Северно Македонска телевизија–1, како и Прва Северно Македонска ТВ.
Боки 13, првоосомничен во аферата „Рекет“, се обидел да ја регистрира и трговската марка А1 на Велија Рамковски под име А1-Северно Македонска ТВ.
Сето ова може да се провери на следниот ЛИНК , единствено потребно е во полето Aplicant/Owner да се впише името и презимето на Бојан Јовановски, со кирилични букви.