Македонија 05. септември 2019. / 12:51

Боки 13 пренесен на скопските клиники – имал болки во градите

Боки 13 пренесен на скопските клиники – имал болки во градите

Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, денеска од затворот во Шутка е пренесен на скопските клиники, објави „Алсат М“.

Тој е примен на одделението за торакална и васкуларна хирургија, откако се пожалил на силни болки во градите.

Бојан Јовановски повеќе од еден месец е во притвор во затворот во Шутка, како еден од обвинетите во случајот „Рекет“.