Македонија 30. јануари 2020. / 15:48

Боки 13 преку судијката му испрати писмо на Јовески

Боки 13 преку судијката му испрати писмо на Јовески

Бојан Јовановски алијас Боки 13 денеска преку судијката Васка Николовска-Масевска на лист хартија му испрати писмо на републичкиот обвинител Љубомир Јовески.

-Барам да бидам изведен пред републичкиот обвинител. Се работи за наводите за кривичните пријави што ги најавив вчера, рече Боки 13, додавајќи дека станува збор и за пријавата за оибвинителката Вилма Русковска.

Денешното рочиште за „Рекет“  бна кое се презентираа материјални докази беше прекинато, откако Боки 13 и Катица Јанева се пожалија дека не им е добро.

Боки 13 вчера ја обвини обвинителката Русковска за криминал тежок 4 милиони евра, за што, како што рече, имал несоборливи докази. Русковска и вчера и денеска ги охрабри сите, кои имаат докази да ја пријават во МВР.