Бојан Јовановски Боки 13-ка денеска во Обвинителството поднесе кривични пријави за 40-тина функционери, бизнисмени…
Јовановски преку соопштение рачно напишано на осум страници ја информира јавноста дека пријавите во Обвинителството се однесуваат на носители на јавни функции, членови на нивни семејства и бизнисмени.
Според него, тие треба да одговараат за злоупотреба на службена положба, измама и давање лажен исказ.
Адвокатот на Јовановски, Сашо Дуковски, изјави дека очекува Обвинителството да отвори предмети за поднесените кривични пријави откако ќе биде завршено документирањето на случаите.