Македонија 06. декември 2019. / 13:12

Боки 13 побара персирање од Камчев, судијката одговори дека не се во театар

Боки 13 побара персирање од Камчев, судијката одговори дека не се во театар

Одговарајќи на прашањата на првоовиниетиот Бојан Јовановски – Боки 13, бизнисменот Орце Камчев одговараше на лична основа, обраќајќи се на ти, на што Јовановски реагираше.

– Јас Ве персирам и затоа ве молам и Вие да ме персирате – побара Боки 13.

На ова судијката реагираше дека тоа прашање не е во врска со предметот, на што, пак, Јовановски одговори дека има право да побара такво нешто. Потоа судијката возврати: „Да, ама не сме во театар, ова е сепак судница“.