Македонија 27. февруари 2020. / 11:16

Боки 13 останува во притвор

Боки 13 останува во притвор

Судечкиот совет се произнесе по барањето на Бојан Јовановски за куќен притвор. Судијката Васка Николовска Масевска изјави дека не го прифаќа и оти не се исполнети условите за негово излегување.

Судот смета дека не се доставени доволно докази околу медицинската нега која му е потребна и оти таа не може да се изведува во притворското оделение.

Денеска не се појави ниту сведокот Владимир Тодоровиќ кој бил на службен пат. Утре како сведок треба да се појави Дејан Панделевски.