Македонија 01. јуни 2020. / 17:13

Боки 13: Мојот телефон не се вештачи затоа што имав комуникација со Заев и Мијалков

Боки 13: Мојот телефон не се вештачи затоа што имав комуникација со Заев и Мијалков

Првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски рече дека намерно не се вештачи неговиот мобилен телефон поради тоа што може да се докаже дека имал комуникација со поранешниот премиер Зоран Заев и со екс директорот на УБК, Сашо Мијалков.

 Мојот телефон не се вештачи затоа што имам комуникација со Зоран Заев и Сашо Мијалков. Јас сум бил сведок дека они им ветуваа ослободување и олеснување на мерките за да повикаат на референдум и за уставните измени. Ова може лесно да се провери дека на 10 ноември 2019 јас се сретнав со Заев, а тој ми рече дека Катица направила голема грешка со предметот „Империја“ -тврди Јовановски.