На денешното рочиште за аферата „Рекет“ беа презентирани осум аудио снимки кои на ОЈО му биле предадени од сведокот Орце Камчев.
На првата снимка се слушаат гласовите на Јордан и Ана Камчеви како и гласот на Бојан Јовановски.
Во друг разговор Камчев го прашува Јовановски што, кога и како ќе добие како услуга која му се нуди од сега обвинетиот Јовановски.
– Во февруари тоа и тоа во март тоа, ти ја водиш играта ти кажи ми – му вели Орце Камчев на Боки 13.
На друг запис, се слуша како Јовановски вели:
– Катица пука со пиштол па веројатно затоа не го слуша телефонот. Еднаш неделно обвинителите од СЈО пукаат – објаснува Јовановски.
На друга пак аудио снимка, се слуша телефонски разговор меѓу Камчев и Јовановски.
– Имаш поздрав од женава – му вели Јовановски.
„Фала поздрави ја“, одговара Камчев.