Македонија 30. септември 2018. / 15:05

Боки 13 излезе да гласа на референдумот

Боки 13 излезе да гласа на референдумот

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, утрово ја исполни својата граѓанска должност и гласаше на референдумот во средното училиште „Ѓорѓи Димитров“ во скопската населба Тафталиџе.

Јовановски на гласачкото место се појави во друштво на неговата мајка, а веднаш по гласањето тој даде и изјава за камерата на „1ТВ“.

– Сметам дека секој свесен граѓанин на оваа земја му е должност на најдемократски чин да го изрази своето мислење на овој референдум. Ова е единиствениот пат на Македонија и се надевам дека граѓаните се доволно свесни, мудри, разумни да направат се за овој референдум да биде успешен. Се надевам дека резултатите вечер ќе го покажат своето – изјави Јовановски.