Денеска во судот за случајот „Рекет“ сведочи Христијан Баневски, поранешен новинар во 1ТВ и водител на „Информативен магазин“, кому му паднала сомнителна комуникацијата со Перо Колевски, сопственик на Адриа од Велес, кој прво му спуштил слушалка, а потоа се договорил да снима интервју.
– Знаеше и Бојан да даде свои идеи и упатства како треба да тече емисијата која ја водев. Евнаш бев повикан во канцеларијата на Јовановски, беше присутно уште едно лице, не го знаев. Ми дадоа информација дека во Адриа од Велес месната индустрија, наводно имало криминали. Во зградата на сопственикот на таа фирма, бил штаб на една политичка партија, која не плаќала кирија, и има судир на интереси. И беше приказна за истражување. Но, мене ме чудеше односот на Бојан. Откако ми го даде бројот на сопственикот, Бојан беше заинтересиран само дали тој се уплашил кога јас го контактирав, а неговата првична реакција на тој човек беше дека како телевизија сме рекетари, дека не сака да има ништо со нас, и дека не сака да разговара, и ми спушти.
Бев вознемирен, затоа што не се сметам за рекетар. Сакав уште еднаш да се обидам, дали има приказна, да се разбереме. После една недела откако го побарав повторно Перо Колевски, сопственик на Адриа ДООЕЛ, ми рече: „Може да снимиме, но јас сум на пат сега, ама ќе се договориме“.
Во тој период Бојан инститираше да одиме во Велес, да ја снимаме фабриката. Барав да го прашам Јовановски, стигнав до него и го прашав дали го рекетирате овој човек, тој ми одговори: „Оваа телевизија мора да живее од нешто“-сведочеше Баневски.