Бојан Јовановски, Боки 13 денеска во Oбвинителствотo (ОЈО) повторно дава исказ во врска со кривичните пријави што ги поднесе, откако беше осуден на девет години затвор за случајот „Рекет„
Боки почна со поднесување кривични пријави на почетокот на јули, а досега, според неговиот бранител, Сашо Дуковски, поднесени се седум-осум.
Адвокатот Дуковски објасни дека пријавите што ги поднесува Боки се поради злоупотреба на службената положба и овластувања, изнуда, измама, давање лажен исказ, несовесно лекување, тортура, а дел од нив се и за кршење на човековите права и нехуман однос кон неговиот клиент.
Се поднесуваат кривични пријави против повеќе лица, најмалку 30 лица и поради сериозноста на наводите во кривичните пријави од страна на пријавувачот беше побарано непосредно вклучување на најрелевантните меѓународни институции за заштита на човековите права, особено на најрелевантните светски амбасади кои имаат свои дипломатско-конзуларни претставништва во Република Македонија заради содржината на тоа што се изјавува – изјави Дуковски дента кога тој ги поднесе пријавите.
За време на пресудата и добивањето на деветте години затвор, Боки 13 јавно порача дека милионските пари од рекетот треба да се бараат кај браќата Зоран и Вице Заеви. Сега, како сведоци поврзани со случајот се врзуваат и имињата на Радмила Шекеринска, Петре Шилегов, Мила Царовски, Стефан Богоев, Александар Кирацовски, Наташа Петровска…