Македонија 06. декември 2019. / 13:18

Боки 13: Дали Камчев знае дека против него има кривична пријава за шпионажа

Боки 13: Дали Камчев знае дека против него има кривична пријава за шпионажа

На рочиштето за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13 го праша сведокот Орце Камчев како се викаат неговите пријатели од Бугарија со кои се посоветувал како да постапи во случајот.

Камчев одговори дека се човекот се вика Ивајло, а за презимето не се сеќава, на што Боки дофрли дека станува збор за две лица.

На ова Камчев одговори дека второто лице било возачот и дека тој седел на друга маса.

Потоа следуваше прашање, дали му е познато името Радивое, на што Камчев одговори негативно.

Боки 13 го потсети Камчев на изјавата дека за случајот биле запознаени неговите бугарски и американски пријатели, на што судијката реагираше дека веќе е даден одговор на тоа прашање, а околу инсистирањето на името Радивое, судијката посочи дека не е поврзано со предметот.

На ова Боки 13 рече дека тоа е многу важно и го праша сведокот дали знае дека против него е поднесена кривична пријава за шпионажа.