Во своите воведни зборови на судењето за случајот „Меѓународен сојуз“, обвинетиот Бојан Јовановски истакна дека истакнати бизнисмени биле дел од конститутивната седница на „Меѓународен сојуз“ и го повикале бизнис секторот да се вклучи во акциите на невладината организација.
Ниту еден денар не сме искористиле државни пари, ова требаше да биде самоодржлив капитален проект кој не може ниту државата да го смисли – кажа Бојан Јовановски.
Јовановски додаде дека соработката со ГП „Пелистер“ и Силјан Мицевски се случила преку посредници.
Во доказната постапка ќе слушнете како Мила Царовска, пензионерката со проектот ја упатува кон мене. А, бизнисменот Ардијан Амзовски, доколку не го видеше Александар Кирацовски, немаше да го прифати проектот – рече Јовановски.
Според обвинението за случајот, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку организацијата „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски-Боки 13 и ги оштетиле со повеќе од милион евра.