Бојан Јовановски-Боки 13 на крајот од денешното рочиште за случајот „Рекет“ излезе пред судот со барање.
-Барам до крај да биде вештачен мојот телефон, се во интерес на вистината, рече Боки 13.
Ваквото барање говори дека неговиот телефон не бил целосно вештачен, што значи дека во досегашната постапка се користат разговори, СМС пораки и вибер комуникација само за одреден временски период. Засега не е јасно за кој точно период се работи.