Македонија 03. март 2020. / 18:20

Боjан Јовановски останува во притвор

Боjан Јовановски  останува во притвор

Апелацискиот суд ја отфрли жалбата на обвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и неговата гаранција од 143.000 евра која ја понуди за да излезе од притвор.

Боки 13, освен гаранцијата во имот, приложи и медицинска документација за чир на желудник, за да излезе од притвор, каде се наоѓа повеќе од седум месеци.

Во гаранцијата спаѓаат куќата на негов прв братучед и деловен простор во истата куќа во сопственост на неговата мајка.

Останатите инволвирани во случајот „Рекет“ Катица Јанева и Зоран Милевски веќе се во куќен притвор.