Таткото на Јани Бојаџи е пуштен од притвор, соопшти режисерот на социјалната мрежа Фејсбук.
Таткото на Јани, кој беше приведен поради наводно присвојување на артефакти, денеска е ослободен. Режисерот верува дека станува збор за случајност и вети дека следниот филм ќе биде подобар од „Ругање со Христос“. Тој исто така соопшти и дека овој филм ќе биде прикажан и во Штип.
Почитувани, татко ми повеќе не е задржано лице! ,,Артефактот“ си замина дома. Бескрајно сакам да верувам во коинциденции и случајности, во погрешно место и погрешно време. И, да, секој чесен човек треба и мора да верува во независноста и непристрасноста на судот и обвинителството. Бескрајно ви благодарам на сите за подржката кон мене и моето семејство. Не знам како да ви се оддолжам освен со ветување дека следниот мој филм ќе биде подобар од овој.
И уште една добра вест! Центарот за култруа ,,Ацо Шопов“ во Штип се согласи штипската премиера на филмот ,,Ругање со Христос“ да се одржи на 09 Октомври, вторник, во 19.30 часот во големата сала. Подготвуваме квалитетна проекција на слика и звук, и се разбира, како и во Скопје со присуство на актерите и екипата на филмот.
Браво на штипјани. Ги повикувам и другите градови да го следат Штип. Директори, управи, одважете се, чувството е прекрасно, верувајте ми! – напиша Бојаџи на Фејсбук.