Во знак на солидарност со земјите кои во претходните денови беа погодени од терористички напади, зградата на МНР вечерва свети во боите на знамињата на Франција и Австрија.
-Нашите сојузници, но пред се, нашите пријатели Франција и Австрија поминуваат низ едно тажно поглавје по ужасните терористички напади. Но ние сме појаки од омразата и теророт и заедно ќе ја водиме оваа битка. Вечерва изразуваме сочуство и солидарност со нашите француски и австриски пријатели, велат од МНР.
Со овој чин, МНР тврди, се испраќа порака дома и во светот, дека вакви немили настани нема да не исплашат, туку напротив – ќе не сплотат.