-ДЕМАНТ
“Изјавата” која ја споделува порталот Мактел.мк, претставува нивна слободна интерпретација и нема никаква поврзаност со онаа изјава дадена од моја страна, во ТВ дебата за емисијата Печат на неделата на 1tv.mk, а се однесува на постоењето на “заевизмот” во Македонија.
Интегрално, мојата вистинска изјава, можете да ја видите во прилогот поставен од Мактел.мк, на споделената “слободна интерпретација”!
Молам во иднина, овој начин на пренесување на изјавите, да не се практикува.
Однапред Ви благодарам!, напиша Петар Богојески на неговиот фејсбук профил.
Претходно порталот Мактел.мк објави изјава на Богојески:
-Ние во ВМРО-ДПМНЕ добро си знаеме како и зошто не победи СДСМ, тоа е поради струмичкиот пристап во политиката на Заев, а тоа е отворен за комуникација со народните маси, давање ма телефонот на цела Струмица и одговарање на сите 24/7, помагање лично на сите, приземјеност, скромност, служење и сервис на народот, градење лично пријателство со сите граѓани кое потоа е тешко да се разбие, тоа во Струмица беше толку моќно што ние не можевме да го скршиме Заев во Струмица и кога Груевизмот беше најмоќен и меллеше се пред себе, сега Заев го донесе тој струмички пристап и на национално ниво и затоа му успеа и да направи влада и да направи договор со Грција и Бугарија па дури и да го истурка договорот од Преспа во собрание, тоа е се резултат на моќта на тој струмички пристап во политиката кој го имаше и Борис Трајковски, тоа е најсилното оружје на Заев за кое ние ВМРОЦИТЕ сеуште немаме лек!
Петар Богојески на 1ТВ, изјава на годината дефинитивно!, беше објавено на Мактел.