Македонија 13. мај 2019. / 22:59

Богоевски: Заев требаше да присуствува на инаугурацијата

Богоевски: Заев требаше да присуствува на инаугурацијата

Пратеникот Павле Богоевски на 24 Телевизија се обрати во контекст на инаугурацијата на претседателот Стево Пендаровски и констатираше дека треба да се промени протоколот за присуство на овој настан, затоа што во самиот говор претседателот говорел со посебен нагласок на опозицијата и обедувачката компонетна во контекст на опозоцијата.

-Мислам дека некој број на лица треба да бидат отстранети од листата и да бидат ставени некои други луѓе кои би било многу посоодветно да присуствуваат на воков тип на настани. – кажа Богоевски.

Тој вели дека во однос на присуството на премиерот немало да го коментира многу. Смета дека се оправдани причините, но сепак Заев требало да присуствува.

Пратеникот Панчо Минов, кој исто така беше гостин во телевизијата, констатира дека протоколот за присуство требало да се измени и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски требало да биде поканет на инаугурацијата.

Зендели истакна дека на самиот настан требало да присуствуваат и кандидатите во изборната кампања и професорката Гордана Силјановска и господинот Блерим Река, како и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, затоа што овој претседател треба да соработува со овие луѓе.