Попладнево пратеникот Павле Богоевски се пријавил во полициската станица Центар за купување на масло од канабис, но исто така и го пријавил лицето, кое за него е непознато, дека неовластено го снимал.
Богоевски тврди дека нарачувал масло од канабис, а не кокаин, иако, според аудиото нарачката наликува на онаа за кокаин.
Телевизија Телма објави дека попладнево Павле, во одделот за борба со недозволена трговија и шверц, се пријави сам себе бидејќи авторот на постот на руската социјална мрежа ВК тврди дека пратеникот по телефон нарачувал да купи кокаин. Богоевски тврди дека не купувал кокаин туку канабис масло за близок човек, а во полиција пријави и дека бил нелегално сниман од страна на таксистот кого не го памти.
Разговорот од 41 секунда е објавен на профил на руската социјална мрежа ВК, со име Илија Громовник, кој според достапните информации е отворен вчера под исто име и со иста слика како и профилот кој во време на изборната кампања објави неколку разговори од таканаречените бомби. Разговорот на Богоески е снимен на друг начин, но поради содржината оставка од него побара актерот Драган Спасов Дац, кој си поднесе оставка од директор на театар поради сообраќајка во која повреди млада жена, а на Заев му даде и метла меѓу двата изборни круга за чистење на лошите кадри кое досега не е отпочнато.
Оваа снимка предизвика бурни реакции во јавноста.
Кратка анализа за снимката и изјавите на пратеникот, може да прочитате ТУКА.