Македонија 23. февруари 2019. / 16:50

Богоевски: Сакам во затвор да го видам Никола Груевски и двајцата патриоти бегалци

Богоевски: Сакам во затвор да го видам Никола Груевски и двајцата патриоти бегалци

Пратеничката Благица Ласкоска во врска со одземањето на пратеничкиот имунитет на пратеникот Трајко Вељаноски изјави дека имало изјави од затвореници дека ги чекале политичарите да им паднат во раце и дека нема опасност од бегство на Вељаноски и дека не можел да влијае врз сведоци.

Опозициските пратеници се бунат за одземањто на имунитетот и велат дека можно е да има список на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се следни за симнување на имунитет.

Претседателот на Комисијата за мандатно- имунитетни прашања Павле Богоевски одговори дека инцдентите во Шутка како да му одговараат на поранешниот премиер Никола Груевски во неговото тврдење дека условите во затворот се опасни, како дел од барањето за азил во Унгарија.

-Груевски рече дека тоа ќе го направи, дека ќе се откаже од имунитетот и ќе оди во затвор, но прв лавовски избега во Унгарија и сега од таму на сите ни се смее, и нам и вам. Јас сакам во затвор да го видам Никола Груевски и двајцата патриоти бегалци, изјави Богоевски.