Македонија 25. февруари 2019. / 15:16

Богоевски: Не знаев дека „лавот од Форино” бил толку чувствителен

Богоевски: Не знаев дека „лавот од Форино” бил толку чувствителен

Талат џафери ја прекинал седницата поради однесувањето на колегата Мухамед Зеќири. Не знаев дека „лавот од Форино” бил толку чувствителен, напиша на Фејсбук Павле Богоевски, претседател на Комисијата за мандатно имунитетни прашања откако претседателот на Собранието Талат џафери вината ја префрли на Комисијата за тоа што не се гласало за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељановски.

А можеше да го трпи криминалецот Груевски кога сакаше да се тепа со него за Законот за јазици. Не, Талат. Ти ја прекина седницата бидејќи сѐ уште твојата партија е во коалиција со криминалната банда на ДПМНЕ. По сите драми и лаги дека на еден член му се слошило, а сте испратиле возила по другата заменичка. Не ви дозволивме да ја упропастите работата за време на комисиската расправа, ете затоа ја прекина седницата. По парламентарните избори, го извадивме ДУИ од ВМРО. Очигледно, не успеавме да го извадиме ВМРО од ДУИ, напиша Богоевски.