Општина Карпош по пат на јавно наддавање продава државно земјиште во Тафталиџе. Градежна парцела со површина од 368 квадратни метри, лоцирана во близина на пожарната станица во Карпош, дел кој е сега зелена површина. На сегашното државно земјиште треба да се подигне станбен објект од приземје, два ката и поткровје.
Општина Карпош во огласот вели дека почетната цена на електронското јавно наддавање е 61 денар за метар квадратен, односно само 22.480 денари за вкупната површина. Цената било можно да достигне до 500 евра за 1м2 на јавното наддавање кое ќе се одржи утре и ќе трае 15 минути.
За ова јавно наддавање реагираат загрижени граѓани, но реагираше и опозицијата во Карпош. Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски кратко по истекот на рокот за поднесување на понудите објави барање за итно поништување на огласот. Тој приложи докази дека Деталниот урбанистички план врз основа на кој се распишува огласот не постои ниту пак бил разгледуван или изгласан на седница на советот на Општина Карпош, како што е наведено во огласот.
– Барам ПОНИШТУВАЊЕ на огласот за продажба на земјиштето во Тафталиџе ВЕДНАШ!! Не ме интересира дали станува збор за манипулација, дилетантизам, неспособност или грешка. Земјиштето во огласот (сл. 1) се продава врз основа на ДУП што НЕ ПОСТОИ! – пишува Тони Јаревски на Фејсбук.
Градоначалникот Богоев спокоен, вели дека постапката се спроведувала според законската регулатива и нагласува дека станувало збор за изградба на индивидуална куќа, а не зграда во линија на целиот потег.
Во продолжение може да го видите прилогот кое го изработи ТВ Алфа.