Македонија 19. декември 2020. / 22:43

Богдановиќ: Не се согласувам со Заев, Југославија нѐ зближуваше

Богдановиќ: Не се согласувам со Заев, Југославија нѐ зближуваше

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ кој беше гостин во Тема на денот во Дневникот на Сител на прашањето околу изјавата на премиерот Зоран Заев за тоа дека Југославија била таа која што не разделувала со Бугарите одговори:

– Не можам да се согласам во тој дел баш од причина што во таа Југославија сите сме живееле заедно. Имате добар дел, посебно во Македонија кои што работеле во заедничките државни компании и останале тука да живеат. Баш заради тоа ние сме се зближиле во таа Југославија како посебности кои што сме ги имале, така да во тој дел не можам да се согласам бидејќи јас како претставник на српската заедница можам да кажам дека баш таа Југоаславија не направила да бидеме блиски, односто исти на некој начин, вели Богдановиќ за Сител.