Македонија 07. декември 2020. / 17:40

Блокирано проширувањето на ЕУ: Нема договор за Македонија и за Албанија

Блокирано проширувањето на ЕУ: Нема договор за Македонија и за Албанија

Министерските заклучоци за проширувањето во моментов се блокирани во Советот на ЕУ поради неможноста да се постигне договор за Македонија и Албанија.

Советот на ЕУ вели дека остануваат неколку часа за можен договор, а министрите за општи работи на ЕУ го ставија прашањето за проширување под точката „сите други работи“ на дневниот ред на утрешниот состанок.

Во исто време беше објавено дека прашањето за проширување нема да биде на дневен ред на состанокот на лидерите на ЕУ 27, кои доаѓаат на самитот во Брисел на 10 и 11 декември.

„Не е невозможно прашањето за проширување да не биде поставено, но агендата е веќе преполна“, оценуваат во Брисел.