Македонија 01. јануари 2020. / 09:00

Близначиња се првородените бебиња во 2020 година

Близначиња се првородените бебиња во 2020 година

Министерството за здравство рано утрово на својот фејсбук профил објави дека на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во стартот на новата година се родиле првите бебиња – близначиња.

Првото е женско, родено во 00:01 часот, а второто е машко и е родено во 00:03 часот.