Македонија 11. август 2020. / 13:29

Бизнисот и финансискиот систем се пред распад, додека Заев и СДСМ се борат за фотељи – порача Мицкоски

Бизнисот и финансискиот систем се пред распад, додека Заев и СДСМ се борат за фотељи – порача Мицкоски

Бизнисот тоне, банкарскиот и финансискиот  сектор е пред распад, а Зоран Заев и СДСМ се насочуваат кон задржување на своите фотелји, рече денеска на прес конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на која се осврна на состојбата на економијата во земјава.

Тој рече дека показаталите на индустриското производство, бројот на работници во индустријата и трговскиот дефицит кои во изминатите шест месеци бележат опаѓање покажуваат дека сегашната власт води погубна политика за екомијата и стандарот на граѓаните.

Прво, за  шест месеци во 2020 година споредено со истиот период во 2019 година индустриското производство бележи пад од 16, 2 отсто. Второ бројот на работници во индустријата кумулативно јануари – јуни е намален 7,4 проценти. Трето тоа го покажува и стокаовата размена со странство. Кумулативно за шест месеци извозот падна за 22,3 отсто, додека увозот бележи пад  од над 18 отсто– рече Мицкоски.

Тој оддаде дека е уште позагрижувачка состојбата со државниот долг  кој од 4,5 милијарди евра, порасна за 982 милиони евра и тоа зголемување е само за едно тромесечие за вториот квартал.

Јавниот долг е зголемен за 900 милиони евра.Цела милијарда евра е задолжена државата. Секое македонско семејство за еден квартал владата на Зоран Заев и Оливер Спасовски го задолжи за 120.000 денари. Па ќе речеат дека ние сме биле за задолжување, но ние предлагавме задолжување прво да се справиме здравствената кризџа каде што потфрливме, а последиците од ковид -19 се сѐ поголеми и втората цел беше да се справиме со економските последици, а резултатите покажуваат дека и на тој план ништо не е направено – рече Мицкоски.

Тој праша се потрошени 1 милијарда ева и даде одговор дека е во буџетскиот дефицит кој , како што рече, го потрошила оваа влада за органиизрање на најкоруптивни избори.

Одговорот е во буџетскиот дефицит кој во 7 месеци изнесува  520 милиони евра. Владата ги потроши за да ги спроведе најнедемократските избори од исотијата на змејава. За август бројките ќе бидат уште полоши. Планираниот дефиците е далеку од она што го имаме сега– рече Мицкоски.

Тој рече дека погрешните политика на сегашната власт резултираа со вака лоши резултати во економијата.

Но цехот на крајот ќе го плати народот – рече Мицкоски.