Македонија 20. септември 2019. / 10:45

Бизнисменот Азманов повикан на распит во Обвинителство

Бизнисменот Азманов повикан на распит во Обвинителство

Бизнисменот Зоран Азманов за денеска е повикан да сведочи во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за случајот „Рекет“, пишува Фокус.

Азманов кој е сопственик на градежната компанија „Настел“, се препукуваше со Јовановски уште пред да биде обелоденет случајот „Рекет“.

Бизмисменот Азманов го обвинуваше Јовановски дека му барал 50.000 евра за да не ја емитува „Инсајдер“.

Во моментот во обвинителството исказ дава Агапи Дика, претседател на Собранието на Меѓународниот сојуз на Боки 13.

Во случајот „Рекет“ засега осомничени се Бојан Јовановски, Зоран Милевски Кичеец и Катица Јанева.