Според поранешниот пратеник и новинар Сафет Бишевац, денешните економски мерки презентирани од страна на владата на СДСМ и Оливер Спасовски всушност претставуваат еден вид на алиби мерки.
Всушност мислам дека денешните сет економски мерки кои што ги предложи техничкиот премиер Оливер Спасовски се еден вид на алиби мерки. Реакциите од стопанските комори ви го покажуваат тоа дека тие имаат поинакви проблеми к дека не се задоволни со сетот на мерки кои владата ги нуди, вели Бишевац во гостување во емисијата Само вистина на Канал 5.
Бишевац, смета дека предлогот на намалување на платите на администрацијата негативно ќе влијаат врз економијата и потрошувачката.
Лош е предлогот за намалување на платите на администрацијата на минималец на 14.500 денари и тоа го критикуваа сите екомски експерти бидејќи ќе има намалување на потрошувачката, додаде тој.
Во однос на мерките на владата, Бишевац стравува дека тие одат во насока на намалување на потрошувачката, посочувајќи дека владата донела мерки кои што ќе однесуваат само на април и мај укажувајќи дека влошување на состојбата во економијата започнала уште во месец март.
Се плашам дека мерките кои што ги предложи Спасовски идат во тој некој правец на намалување на потрошувачката. Зошто? Затоа што имаме мерки кои што не се однесуваат на месец март, како март да го преспале, како државата да функционирала перфектно во месец март, што не е точно. Јас колку што разбрав од ова денеска е дека овие мерки се однесуваат само на месец април и мај, а тоа змачи дека реално има луѓе кои што имаат проблем да дадат плата за месец март, додаде Бишевац.