Екс новинарот и аналитичар Сафет Бишевац во гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 вели дека очекувано е протестот во среда кој што денеска го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да биде напаѓан од луѓето кои ги координира директно екс директорот на УБК Сашо Мијалков кој е во неформална политичка и бизнис коалиција со Зоран Заев и семејството.
ВМРО-ДПМНЕ е сериозна политичка организација, најголема политичка партија поединечно во државата и таа секако во одлуките кои ги носи, во стратегиите ги планира води сметка и за членството и за тоа што сака да постигне со едни такви протести. Се разбира дека овие протести ќе ги напаѓаат луѓето кои што ги координира Сашо Мијалков кој пак е во неформална политичка и бизнис коалиција со Зоран Заев и семејството. Знаете како вели народот никој не е толку слеп како оној што не сака да види и најголемиот дел од луѓето сега се прават слепи несакајќи да видат дека човекот кој што беше синоним за лошото за заробената држава заедно со неговиот братучед одеднаш стана прифатлив и добар сојузник во битката против ВМРО-ДПМНЕ, додаде Бишевац.
Според Бишевац, ВМРО-ДПМНЕ го направила првиот чекор со расчистување од претходното раководство со измени во Статутот на партијата кој значи профилирање на партијата во модерна десна партија, со нова стратегија, идеи и луѓе.
Факт е дека ВМРО-ДПМНЕ го направи првиот чекор со измените во Статутот, можеби на некој му изгледа малку но тоа е првиот чекор кон расчистување бидејќи јас мислам дека сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ дел од тоа раководство е свесно дека на ВМРО-ДПМНЕ му претстои едно профилирање во модерна десна партија, партија на десниот центар која се разбира дека ќе бара нова стратегија, нова политика, нови идеи, нови луѓе, вели Бишевац