Игор Дурловски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски – Бетмен и актерот Владо Јовановски, како организатори на протестите „За заедничка Македонија“ не ги исполнуваат условите за амнестија изјави обвинителката Вилма Рускоска во гостување на Алсат М, пренесе Фокус.
Обвинителката рече дека пратениците Љубен Арнаудов, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски, како и двајцата обвинети од кабинетот на тогашниот претседател на Собранието би можеле да добијат амнестија.