Македонија 28. декември 2018. / 18:12

Бетмен, Борис и Владо добија амнестија – Дурловски продолжува со судења

Бетмен, Борис и Владо добија амнестија – Дурловски продолжува со судења

Богдан Илиевски, Владо Јовановски и Борис Дамовски се тројцата обвинети кои судот ги амнестираше после добиено позитивно мислење за да бидат помилувани за настаните поврзани со 27 април.

Останатите барања за кои од обвинителството е добиено негативно мислење, советот донесе решение со кое истите се одбиваат како неосновани.

За сите решенија, обвинетите имаат право на жалба до повисокиот суд.

За останатите барања во одделот на кривично полнолетни, судот ќе одлучува во законски утврден рок.

Оперскиот пејач Игор Дуловски, еден од организаторите на протестите „За заедничка Македонија” кој е обвинет за случувањата за време на ,,крвавиот четврток”, на Фејсбук порача дека нема да бара помилување, туку ќе продолжи да се бори за да ја докаже својата невиност.