Македонија 10. јуни 2019. / 18:07

БЕСА се огласи за тепачката во советот на Охрид

БЕСА се огласи за тепачката во советот на Охрид

Советник на ДУИ нападнал физички советник на БЕСА во Охрид, обвинуваат од партијата на Билал Касами.

Оттаму велат дека нападот врз нивниот советник Џелал Мена од Нефи Усеини е пријавен во полиција и дека и сите странски амбасади ќе бидат известени, а движењето БЕСА ги повикува сите надлежни органи сериозно да го разгледат нападнат врз партискиот функционер и претставник на граѓаните на Охрид.

– Стравот и паниката во ДУИ јасно се гледаат како криминолошките акции се приближуваат до крај. Денес, по апсењето на државниот секретар од редовите на ДУИ и објавувањето на бомбите за водачите на оваа партија, во последните денови, ја изгуби ориентацијата, гледајќи колку е криминалиирано и корумпирано овој политички субјект. Движењето БЕСА нема да молчи за акти на насилство што може да ги практикува локалните “бандити” на ДУИ. Исто така, апелираме до други политички партии да го осудат насилството извршено од страна на ДУИ и сите колективно да ги изолираат и да ја испратат во историјата оваа структура на корумпирани и криминализирани кои ја држаат во заложништво иднината на Албанците. – стои во соопштението од БЕСА.

Од СВР Охрид го потврдуваат инцидентот и информираат дека лицето Џемаил Мена советник од редовите на БЕСА, телефонски пријавило дека во просториите на Општина Охрид, физички бил нападнат од лицето Нефи Усеини од ДУИ и двајцата од Охрид.