Македонија 19. мај 2018. / 14:59

Беса на Касами не го прифаќа предлогот „Република Илинденска Македонија“

Беса на Касами не го прифаќа предлогот „Република Илинденска Македонија“

Движењето Беса на Биљал Касами е против предлогот „Република Илинденска Македонија“, бидејќи како што пишува во нивното соопштение овој предлог не го преставува мулти—конфесионалниот карактер на државата и „секое наметнување на ова име би носело нови поделби внатре и би отворило нов спор во внатрешно етничките и религиозните односи “.

Во соопштението пишува и дека новиот предлог асцоцира на Крушевската Република, „ што од историска гледна точка не е воопшто спорно, туку употребaта на називот Илинден асоцира на денот кога е прогласена Крушевската Република и денот кога се прославува верскиот празник Св.Илија – кое е верски назив кој ги негира другите верски заедници кои живеат во РМ, освен православната со што наидуваме на ситуација која е во спротивност со мулти-етничкиот карактер на РМ“.

Тој бара на лидерските средби да учествува и албанската опозиција.