Македонија 21. септември 2020. / 12:47

БЕСА ја потврди информацијата на „Лидер”: Ја напуштивме пратеничката група на СДСМ, но не и Владата

БЕСА ја потврди информацијата на „Лидер”: Ја напуштивме пратеничката група на СДСМ, но не и Владата

Пратеничката група на Беса од денеска во Собранието нема да биде со СДСМ, потврди пратеникот Кастриот Реџепи.

Пратениците од движењето Беса го информирале претсеателот Џафери дека наместо во парламентарната група „Можеме“ ќе дејствуваат посебно.

Ние сме дел од владејачкото мнозинсто но како најголем партнер после СДСМ во коалицијата „Можеме“ ние ќе делуваме како група на пратеници на движење Беса. Ова не подразбира никакво напуштање туку поефективно делување во Собранието, ги објаснува причините Реџепи.

Беса со Собранието е преставена со четворица пратеници.