Македонија 03. септември 2020. / 10:50

Бериша: За време на ВМРО-ДПМНЕ ниту еднаш не бев укорен, а денес директорот ми се заканува дека ќе ме избрка од работа

Бериша: За време на ВМРО-ДПМНЕ ниту еднаш не бев укорен, а денес директорот ми се заканува дека ќе ме избрка од работа

8 години ги критикував директорите поставени од ДПМНЕ. Осум години НИТУ еднаш не бев повикан во канцеларијата на Директорот за да бидам укорен, напиша Беким Бериша кој е вработен во државниот завод за статистика.

Едно пишување за статистика (завчера) и денес бев повикан во канцеларијата на Директорот, кој што дури се дрзна да ми се закани дека ке ме избрка од работа.Ако све е како што треба, зошто толку се наљути бре?!Нека излезе некој и нека наброи кои истражувања не сум ги објавил навремено?! Дури и истражувања кои не се во моите работни задачи а ниту во моето одделение, јас ги вршам. Ама ако сум пишувал на Facebook ке ме избркал од работа?! ОЗБИЛНО?! Ким Јонг Ун лајкс дис!! p.s. еве за да не се мачат преведувачите, го напишав ова на Македонски, напиша Беришa.