Македонија 30. јули 2018. / 19:35

Бендевска: Референдум е одлучување, никако консултација и не смее да се користи за манипулација

Бендевска: Референдум е одлучување, никако консултација и не смее да се користи за манипулација

Референдум е одлучување, никако консултација, вели поранешната пратеничка од редовите на СДСМ по денешната изгласана одлука во маедонското собрание.

– И не смее да се користи за манипулација со изјаснувањето на мнозинството, оти последиците можат да бидат несогледливи во иднина. Референдум е ОДЛУЧУВАЊЕ, никако КОНСУЛТАЦИЈА. Освен во случаи веќе предвидени со закон, кои се однесуваат на дејствија од страна на властите ПРЕД да влезат во преговори или да склучуваат некакви договори – вели Бендевска.

Претходно и Екс потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев реагираше на денешната одлука за референдум.