Македонија 31. мај 2019. / 13:15

Беља открива скандал: Главната сестра на Гинекологија е наставник по македонски јазик

Беља открива скандал: Главната сестра на Гинекологија е наставник по македонски јазик

И по разрешувањето од функцијата – економски директор на Клиниката за Гинекологија во Скопје, Ваљон Беља продолжува да открива документи за, како што вели, нерегуларности кои се прават на клиниката. Во емисија Клик Плус, Беља рече дека главната сестра и директорката на финансии немаат соодветни дипломи за нивните работни места. Вели дека врз основа на законот и колективниот договор, ваквото вработување не е дозволено и е казниво согласно Членот 353 за злоупотреба на службена должност.

Како е можно во една клиника со 500 вработени главната сестра да биде дипломиран фиолог тука ја имам нејзината диплома, ова е нејзината диплома по македонски јазик и литераутра, изјави Беља

Министерот за здравство за Ваљон Беља рече дека е нетранспарентен и затоа е сменет, но сепак не даде одговор дали обвинувањата на поранешниот економски директор на Гинекологија ќе бидат истражени. Се произнесе и премиерот Зоран Заев, кој рече дека Беља зборува глупости, бидејќи како што вели, веќе ја добил пораката дека ќе биде опфатен со кадровските измени.

Инаку, Ваљон Беља пред два дена беше разрешен од функцијата – економски директор на Клиниката за Гинекологија, откако го крена гласот околу неправилностите кои се прават во клиниката, а кои, како што уверува, се резултат на директорката, Викторија Јовановска. Јовановска, пак, тврди дека Беља само да и го наруши угледот со ширење на измислици бидејќи не сакала да потпише решенија за вработување на тројца негови советници.