Македонија 22. декември 2020. / 12:09

Беќаровски: Новата мутација на вирусот најверојатно може да го излаже ПЦР-тестот

Беќаровски: Новата мутација на вирусот најверојатно може да го излаже ПЦР-тестот

Новата мутација на коронавирусот најверојатно може да го излаже ПЦР-тестот, вели д-р Нико Беќаровски, директор на Клиника за токсикологија за ТВ24.

„Се уште не може да се каже да, но претпоставките се дека ПЦР-тестот најверојатно ќе може да го излаже и ќе имаме зголемен број на лажни негативни наоди. Тоа што се наметна како прашање, а гледам и дека во светот создава извесна нелагодност е дали постојните тестови ќе бидат доволно сензитивни за да ја детектираат оваа мутација. На тоа немаме одговор, да се надеваме дека е така, инаку ќе ни треба нов тест којшто ќе биде сензитивен на оваа мутација“, вели Беќаровски.

Како индикатор дека новиот тип на вирусот можеби го има и во Македонија, според Беќаровски е во тоа што имало многу случаи на пациенти со крајно тешка клиничка слика со сите елементи за развиени компликации од ковид-19, а вирусот не успеале да го детектираат со постојните тестови.

Кај нас вели нема софистицирани лабаратории кои може да направат геномска детекција на вирусот, па дали постои во земјава, показател би бил трендот на новозаболени лица и колку едно лице го проширил вирусот.

Тој вели дека новомутираниот вирус останува подолго во организмот и побрзо се реплицира со што е поголема можноста за да се пренесе. Сепак, според Беќаровски нема потреба паника, бидејќи вели – секој вирус има свои развојни етапи во кошто настануваат мутации.

„Оваа мутација не од сега, ние сега ја гледаме клиничката манифестација, се смета дека некаде 4 000 мутации се случиле, некои стануваат посилни од оригиналниот вирус. Оваа мутација се појавила најверојатно во август-септември, затоа што треба долг период да се избори со постојниот вирус за да стане доминатна“, вели тој.