Македонија 20. октомври 2018. / 11:11

Бејли за вчерашното гласање: Пратениците од сите партии покажаа храброст и лидерство

Бејли за вчерашното гласање: Пратениците од сите партии покажаа храброст и лидерство

Амбасадорот на САД Џес Бејли честита по синоќешното гласање во Собранието за пристапување кон уставни измени.

„Честитки за македонскиот Парламент за гласањето за иницирање уставни измени, согласно Преспанскиот договор. Пратениците од сите партии покажаа храброст и лидерство со тоа што се здружија за да помогнат да се обезбеди место на Македонија на Западот, во НАТО и во ЕУ “, напиша Белји на Твитер.