Македонија 26. декември 2018. / 11:59

Бејли до судиите: Не се вадете на мене кога носите пресуди и одлуки за притвор

Бејли до судиите: Не се вадете на мене кога носите пресуди и одлуки за притвор

Американскиот амбасадор Џес Бејли му пишал на претседателот на Основниот суд Скопје 1 Иван Џолев дека е разочаран од секојдневните информации што стигнувале до него дека судии носеле пресуди и одлуки за притвор под диктат на амбасадата на САД, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори од судот.

Џолев им ја пренел содржината на писмото на судиите, во кое Бејли предупредил дека тоа е тешка злоупотреба и лажење од страна на судиите.

Писмото е испратено и до министерката за правда Рената Дескоска, претседателката на Апелациониот суд Лидија Димчевска, претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски и до претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски.

Владата на САД има инвестирано речиси 30 милиони долари од 2002 година за подобрување на судскиот сектор во Македонија.