Македонија 25. октомври 2018. / 10:01

Бејли: Апсурдни се обвиненијата дека САД се вмешани во гласањето во Собранието

Бејли: Апсурдни се обвиненијата дека САД се вмешани во гласањето во Собранието

Американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли, изјави дека за време на гласањето за почеток на уставните измени не бил во собраниската зграда.

– Јас тој ден бев во мојата канцеларија, учествував на настан организиран од амбасадата вечерта, и како и повеќето граѓани на Македонија го следев гласањето на телевизија од мојата дневна соба, изјавил Бејли за Телевизија 21.

-Јасно е дека се апсурдни обвиненијата дека САД нелегално се вмешани и влијаеле на гласањето во Собрание, тоа е апсурдно. Како што изјавивме, ние го поздравивме гласањето во Собранието на Македонија за иницирање на уставни измени и спроведување на Преспанскиот договор – изјави Џес Бејли, амбасадор на САД во Македонија.