Антикорупциска врши политичка хајка врз мене, ќе ја барам правдата на суд, вели градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети за Канал 5.
Тој за Канал 5 вели дека не чувствува вина за спорните платформи и дека неговиот случај е со цел да се дефокусира јавноста од другите случувања.
На адреса на Јавното обвинителство се уште не е пристигната иницијативата за кривично гонење на Беџети.
Антикорупционерите утврдиле дека Беџети воопшто не решавал по барањата за легализација на дивите платформи, иако законот не дозволува да се градат такви објекти.