Бебето родено на 14 април во Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, чија мајка е заразена со корона вирус, е негативно на резултатот од тестиот за Ковид-19.
Во вторникот вечерта во ГАК беше породена 28-годишна пациентка, за која вчера стигна позитивен резулат од тестот за Ковид-19. Пациентката немаше симптоми за корона вирус, беше породена спонтано, но затоа што е од кумановскиот регион, со неа уште од самиот прием на клиниката се постапуваше како со пациентка од ризично подрачје и по сите протоколи, поради што и беше земен брис за Ковид-19. Брис од бебето беше земен откако пристигна позитивен резулатат за Ковид-19 кај неговата мајка – информираа од Клиниката за гинекологија.
Воедно од Клиниката информираат дека вчера и мајката и бебето биле отпуштени од клиниката во добра здравствена состојба.