Македонија 08. април 2020. / 23:00

Бебе од неколку месеци заразено со коронавирус во Македонија

Бебе од неколку месеци заразено со коронавирус во Македонија

Бебе на возраст од неколку месеци е заразено со коронавирус,  потврдиле за „Слободен печат“ извори од министерството за здравство.

Во извештајот на Институтот за јавно здравје денеска е заведено дека таа се движи од 0 до 91 година.

Претходно, најмалиот пациент заразен со Ковид-19 имаше две години.

Министерот за здравство Венко Филипче, на една од претходните прес конференции запрашан за тоа како коронавирусот ги афектира новороденчињата, рече дека во научните студии досега не е пронајден случај на вертикална трансмисија на вирусот од мајката на бебето.