Триесет организации потпишаа денеска Меморандум за стратешка соработка со цел бојкот на референдумот.
Тие формираа т.н Кризен штаб за кампањата, а се предводени од Јанко Бачев од Единствена Македонија.
Во кампањата што ќе пропагира бојкот на референдумот се вклучија Христијанско братство, Македониум, Аманет 1903, Трета партија на Македонците на Љупчо Палевски, Тврдокорните, ВМРО-ДПМНЕ-Демократска фракција на Филип Петровски и други партии и невладини организации.
Кампањата ја почнаа под слоганот „Македонија бојкотира“, а најавија дека ќе одат од врата на врата за да ги убедат луѓето да не излегуваат на референдум.
Русија донесе нов амбасадор, очигледна е и новата активност – нејзините сателити сакаат да го преземат движењето #Бојкотирам.
Крајната цел е јасна: Отпорот кон промената на името да се прикаже како проруска политика. Демек, Русија не поддржува дури сите сакаат да не прекрстат.
Се сеќавате дека еден лик со руско знаме се качи на хермелин веднаш чим се потпиша договорот? И заврши на насловните страници насекаде…
Нормално, тие уште повеќе би се израдувале кога ќе не прекрстат, затоа што така ќе бидеме уште поподелени од сега, па ќе може да си ги бркаат своите агенди.
Тргнете ги рацете од искрениот отпор на Македонскиот народ!