Македонија 17. септември 2019. / 18:29

Азири: ДУИ беше против идејата во СЈО да се вклучат обвинители од САД и ЕУ

Азири: ДУИ беше против идејата во СЈО да се вклучат обвинители од САД и ЕУ

Елми Азири од Алијанса за Албанците во синоќешното издание на „Клик Плус“, ја обвини ДУИ дека била против идејата во СЈО да се вклучат обвинители од САД и ЕУ, пишува ТВ 21.

Од друга страна пак, потпретседателот на ДУИ Изет Меџити, ги коментираше „бомбите“ на Ел Чека, велејќи дека се објавуваат со цел дефокусирање на јавноста.
Алијанса за Албанците бара предвремени избори со цел како што велат, на земјата да ѝ се понудат нови можности и визии.

РСМ час поскоро да оди на предвремени избори. На земјата да ѝ се понудат нови визии и можности. Тогаш зависно од нашата улога, сметам дека АА ќе има важна улога на наредните избори, повеќепати поважна отколку сега и сметам дека многу работи ќе тргнат во вистинскиот правец, рече Азири.

Но, потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, вели дека предвремени избори не треба да има пред земјата да добие датум за отпочнување на преговорите со ЕУ.

Предвремените избори можат да ги одредат најголемите субјекти и мислам дека по целата оваа инвестиција на меѓународната заедница, на Албанците и граѓаните на РСМ, за членство на Македонија во НАТО, не знам зошто би ризикувале на одиме на предвремени избори пред пристапувањето на Македонија во НАТО, кога единствената дилема е дали тоа ќе се случи во декември или февруари, изјави Меџити.

Во однос на правосудниот систем, Меџити вели дека се незадоволни од начинот на кој функционира, додавајќи дека ДУИ останува на ставот дека во Македонија мора да се спроведе ветинг.