Порталот Инфомакс објави интервју со бизнисменот Зоран Азманов за рекетот кој му е вршен од страна на Боки13 (Бојан Јовановски). Тој смета дека Боки 13, иако не добил пари за рекет од него, добил пари од неговата конкуренција од немакедонска националност во градежниот бизнис за да изврши подготовка за притвор за него и уште еден градежник. Според него платени се големи пари и на Боки 13 но, и на политичари.Тоа е направено со поддршка од институции од државата, изјави Азаманов.
Зад мене стои Финансова Полиција и СЈО, му рекол кога му се заканувал Боки 13, а на прашањето да му се презентираат некакви докази за рекетот.
– Ја плаќавме Катица Јанева од даноци за да се бори против криминал, а не да бидат дел од криминал и да го редестрибуира криминалот за своја корист. Ако Боки 13 земал пари од рекет најголем дел од парите во кеш се веројатно кај Катица Јанева која му дала снимки на Боки 13, а нејзиниот стан не е претресен за да се најдат парите – вели Азаманов.
Кога јас се побунив веднаш ме нападна порталот Доказ, додава Азаманов, и тоа со приватни работи, испраѓам човек да се тргнат тие лични напади во кои се мешаат ид руги. Газдата на Доказ на Димче Груневски му одговорил дека не може да ги тргне текстовите од Доказ додека не му се јави Кирацовски, од СДСМ. Сашо Ордановски и другите новинари индиректно учествувале во користење на парите од рекет со тоа што земаа големи плати, мерцедеси, коли, големи пари… а го воздигаа еден Боки 13 во величина додека рекетира.
Азманов посочува дека е ненормално со Боки 13 да се дружат луѓе од врвот на политиката и од Финансовата полиција кога знаат дека е човек кој има нелегални приходи и тоа луѓе токму чија работа е да се борат против лица со нелегални приходи. Тој не верува дека Боки 13 работел сам и дека е организатор на таков рекет, и дека тоа не ни можел да го прави без поддршка од луѓе во врвот на власта, без Финансова полиција и СЈО.